Викендов што е зад нас се одигра 8.коло во ракометната Вардар Јуниор лигата, истото се играше во салата “Јане Сандански“. Кај највозрасните девојки во генерацијата 2000/2001 како и кај момците истата екипата на РК Филип Вардар се наоѓа на првото место и тоа овде со со максимален учинок. Девојките на Таневски и Николовски викендов ја победија екипата на РК Карпош Вардар од Куманово со резултат 22:4. Во продолжение погледнете ги сите резултати и табелата кај дамите од оваа генерација.
Кај девојките во генерација 2002/2003 екипата на РК Делчево Вардар ја задржа лидерската позиција пред Шампион Вардар. Интересен факт е дека екипата на Шампион Вардар е првиот тим, којшто од почетокот на Вардар Јуниор лигата успеал да однесе победа против екипата на Делчево Вардар со резултат 10:9. Во продолжение табела и сите постигнати резултати во категоријата.
Најинтересо околу врвот дамите во генерацијата 2004/2005. Екипата од Кичево тимот на РК Кале Вардар успеа да се врати на лидерската позиција, каде во претходните 5 кола беше тимот на РК Кастратовиќ Вардар. Двата женски колектива имаат ист број на бодови, но Кале Вардар имаше подобра гол разлика, и тоа по победата против Општина Кисела Вода Вардар 3 со 25:7. Табелата и сите резултати може да ги погледнете во продолжение.
Мечеви во малата сала при С.Ц “Јане Сандански“ има и најмладите учесници во Јуниор лигата, генерација 2006/2009, тие одиграа 9 натпревари во мини ракомет. Во оваа категорија дечињата кои се натпреваруваат во мешани состави, момчиња и девојчиња. Во продолжение посгигнатите резултати во оваа категорија.