Дарко Мицевски го напушти Вардар по две ипол години во ,,црвено – црниот” дрес. Капитенот на Вардар напиша дека поминал прекрасни години, иако имало многу препреки и проблеми, сепак вредело. Додаде дека било чест за него да се носи светиот дрес на Вардар.
„Благодарам Вардар на две ипол прекрасни години, иако со многу препреки и проблеми, сепак вредеше. Ми беше чест да го носам за мене светиот дрес. До некое следно видување..“ , напиша Мицевски.
Мицевски заминува во екипата на Рига ФС заедно со Попзлатанов.