Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Георгиев доаѓа во Скопје, ќе има ли спас за ФК Вардар!?
Георгиев доаѓа во Скопје, ќе има ли спас за ФК Вардар!?

Георгиев доаѓа во Скопје, ќе има ли спас за ФК Вардар!?

Шампионот на Македонија, ФК Вардар веќе два месеци живее во неизвесност откако Сергеј Самсоненко најави повлекување од таборот на ,,црвено – црните”.

По два месеци неизвесност и најава за влегување на новите луѓе во ФК Вардар, се чини дека конечно доаѓаме до крајот, а тоа е разрешница на оваа „шпанската сапуница” околу Вардар.

Поранешниот бугарски репрезентативец Благој Георгиев утре ќе дојде во Скопје. Потврдено ни е и од страна на фудбалерите дека во четврток е најавен состанок со Георгиев на кој ќе бидат познати и откриени многу нешта околу иднината на нашиот ФК Вардар.

Се надеваме дека конечно и оваа работа ќе се реши. Дека во ФК Вардар ќе влезат новите сопственици, а потоа ќе се мисли на новата сезона која започнува за нешто повеќе од еден месец. Засега, освен младите играчи, сите останати немаат најавено заминување од клубот.