Во сабота Вардар одново игра дерби дуел, овој пат како гостин во Охрид на екипата на ФК Воска Спорт. Пред ова незгодно гостување, стигна една одлична вест за навивачите на ,,црвено – црните”.
Дербито во сабота ќе биде побогато за навивачите на Вардар, популарните ,,Комити” кои добија дозвола да присуствуваат на саботниот натпревар во Охрид. Инаку, Вардар и Воска оваа сезона еднаш ги одмерија силите. На средбата во Скопје, Вардар победи со резултат 2:0.
Се надеваме дека во сабота и те како добро ќе им дојде поддршката и на овој дуел на фудбалерите, кои ќе стигнат до многу значајна победа и второ место на табелата.