Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Голем кикс на Вардар, само 1-1 против тимот од Чаир
Голем кикс на Вардар, само 1-1 против тимот од Чаир

Голем кикс на Вардар, само 1-1 против тимот од Чаир

Вардар направи голем кикс. Денеска на стадионот во Струмица нашиот тим одигра само 1-1 против тимот на Слога од Чаир. Вардар на овој натпревар настапи во следниот тим: На голот на „црвено-црните“ беше Филип Гачевски. Во одбраната се најдоа Брдаровски, Грнчаров како капитен на тимот, потоа Новак и Глишиќ. Средниот ред го сочинуваа Велковски и Спировски. Понапред во средината на теренот беа Асани, Фелипе и Којашевиќ, и во нападот бразилскиот интернационалец Боарето.

Нашиот тим започна одлично. Уште во 4 минута од натпреварот го отворивме резултатот. Којашевиќ одлично центрираше, а Боарето со глава погоди за 1-0. Потоа шанса имаше и Јасир Асани, но голманот на гостите го одбрани неговиот удар. Шансите за Вардар се редеа но не постигнавме втор погодок. Во 19 минута Адили со одличен удар од 20 метри погоди за 1-1. Потоа Боарето имаше добра шанса, биеше, но за малку покрај голот. Во 38 минута соборен во казнетиот простор беше Којашевиќ. Токму овој играч го изведе пеналот, но биеше само во стативата од голот на Зендели. На полувреме се замина со резултат 1-1.

Во вториот дел Вардарци ја имаа топката во свој посед, но немаа идеја како да го загрозат голот на гостите. Во игра во вториот дел влегоа Петковски, Љамчевски и Грозданоски. Вардар и дефинитивно на овој дуел немаше идеја како да се справи со ”бункерот” на гостинот. За жал натпреварот заврши со резултат 1-1. Следниот викенд играме дерби дуел против Шкендија на домашен терен.