Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите на ФК Вардар со триумфот над Пелистер, дојдоа до втора победа денес на Скопје Куп
Пионерите на ФК Вардар со триумфот над Пелистер, дојдоа до втора победа денес на Скопје Куп

Пионерите на ФК Вардар со триумфот над Пелистер, дојдоа до втора победа денес на Скопје Куп

Повторно победа и во вториот натпревар на “Скопје купот“ на  фудбалскиот клуб Вардар, пионери генерација родени 2000 година и помали, овојпат со ривал од македонскиот фудбал екипата на битолски Пелистер. Попладнево на еден од терените на  Фудбалската федерација се сретнаа пионерските состави на ФК Вардар и на зелено-белите од Битола. Поуспешни во оваа средба беа нашите момци.

Избраниците на Сашо Тодоровски уште во првиот период од 30 минути го решија дуелот (се играше 2х30мин), во вториот дел влегоа опуштени со голема предност и со триумф веќе обезбеден. Прв противничката мрежа ја начна Марко Ѓорѓиевски кој стрелаше за 1-0 во воведните минути од првиот дел. Потоа тргнавме да ја зголемиме предноста, истата ја зголемивме двојно преку Јакуп Бериша кој успешно стрелаше за 2-0. До крајот на првиот дел одевме да го дотолчиме противникот и во тоа успеавме со вториот гол на денес одличниот  Марко Ѓорѓиевски кој стрелаше за 3-0, резултат кој се покажа како конечен во првиот дел. Во вториот дел одигравме полабаво, со намера да ја зачуваме предноста, зелено-белите од Битола успеаа да ја намалат нашата предност во вториот дел на 3-1, резултат со кој  се заврши дуелот. Ова е втора победа денес за пионерите на Вардар тие утрово играа со ФК Септември (Бугарија), тимот предводена од Сашо Тодоровски на  теренот на ФФМ однесе победа над своите врсници од источниот сосед со високи 4-0 (3-0). На мечот со Пелистер почнавме со  следните единаесетмина : Мето ВелковскиЕлвир Рамиќ, Александар Ѓоргиевски, Марко Стојчевски, Горјан Трајковски, Али Адем, Виктор Пешевски,  Јакуп Бериша,Кренар , Кристијан Ристовски и Марко Ѓоргиевски.