Кадетскиот вардаров голман, големата надеж на македонскиот ракомет, Марко Кизиќ, ја има втората најдобра одбрана на Топ-20 од изборот на ЕХФ ТВ. Медија тимот направи компилација на најдобрите интервенции по првите 10 кола од групната фаза во новата сезона од Лигата на шампионите.
Во овој есенски дел неговата двојна интервенција во второто полувреме против Мешков Брест се најде на второто место на листата. Најдобрите одбрани може да ги погледнете ТУКА.