Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Победнички крај на есенскиот дел за младинците на ФК Вардар
Победнички крај на есенскиот дел за младинците на ФК Вардар

Победнички крај на есенскиот дел за младинците на ФК Вардар

Mладинците на ФК Вардар го одиграа последниот првенствен дуел оваа есен, тие гостуваа кај тимот на ФК Победа и дојдоа до триумф со резутат  1:3 (0:2) на оваа средба. 

Тренерот Филип Ивановски дуелот го започна со следниот тим:  Стојковски, Мирчевски, Шабани, Мицевски, Манасиевски, Хасановиќ, Кртовци, Давидоски, Исени,  Спировски и Костовски.

Во игра влегоа и Живков, Ацоски, Јовановски. 

Ние доминиравме по првата судиска свирка, нападнавме на почетокот со цел рано да отвориме со гол на ова гостување во Прилеп.  Во 9.минута отворивме со погодок,  Хасановиќ Малик успеа да да биде најприсебен и да стрела за наша предност со 0:1. Веднаш по голот ние продолживме со истиот ритам да напаѓаме, само три минути потоа успеавме да го удвоиме водството на овој дуел.  Спировски Мартин успеа да погоди за 0-2, резултат кој се покажа како конечен по првите 45.минути.

Во вториот дел влеговме растеретени па напаѓавме постојано со цел да постигнеме трет гол по кој ќе го одкажеме ривалот. За нас на 13.минути до крајот погоди нововлезениот во овој период, Живков Славче кој е генерациски роден 2003. Вардар поведе со 0-3 и најави бодови во ова последно коло. Противникот беше немоќен единствено успеа да постигне почесен гол за конечни 1-3.