Вардар по втор пат го победи Фенербахче, овој пат на нивниот терен во Истанбул и донесе голема радост за клубот и навивачите. Црвено-црните одиграа машки во текот на сите 90 минути и на крајот заслужено се пласираа во групната фаза од лигата на Европа. Џигаури и Глигоров беа златните момци за Вардар, кои ги постигнаа головите за пресврт на овој меч. По завршување на натпреварот, тренерот на Фенербахче, Кочаман за медиумите го изјави следново:
-Вардар играше најчесто по крилните позиции. Исто така, не ја рушеа и својата игра во средината на теренот. Во второто полувреме игравме добро, го дадовме голот, но потоа се опуштивме затоа што имавме огромна желба да го минеме ова коло за влез во Лига Европа. Додека го баравме вториот гол, примивме погодок и за тоа клучна работа е одбраната. Немам што да кажам за голот, не сакам да се повторувам и да кажувам пак. Не сакам да ми поставувате прашања.