Откако Вардар се пласираше во групната фаза во Лигата на Европа, стана се јасно. Србинот Вања Марковиќ ќе биде ново засилување за црвено – црните.
Марковиќ игра на позицијата последен играч за врска, во нашиот шампион доаѓа од редовите на Корона Кјелце. Покрај за овој полски тим, го има носено и дресот на Земун и на холандски Венло.
Тренерот на Вардар, Јаневски даде “зелено светло” за овој трансфер. Очекуваме негова промоција овие денови.