Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Александар Трајчевски: Кога секојдневно работите со легенди во фудбалот, успехот е неминовен и сигурен сум дека имаме тим да бидеме шампиони
Александар Трајчевски: Кога секојдневно работите со легенди во фудбалот, успехот е неминовен и сигурен сум дека имаме тим да бидеме шампиони

Александар Трајчевски: Кога секојдневно работите со легенди во фудбалот, успехот е неминовен и сигурен сум дека имаме тим да бидеме шампиони

Во сабота ќе стартува новата натпреварувачка сезона во првенството на младинските фудбалски категории. Противник на Вардаровите генерации во првото коло ќе бид тимот на Ренова од Тетово. Кадетите и младинците се домаќини на теренот во населбата Јане Сандански, додека пионерските екипи ќе гостуваат во Тетово. Триумф на стартот на сезоната очекува играчот на Вардаровите младинци, кој за нашиот сајт ги сподели очекувањата од овој прв натпревар.

-Се разбира дека моите очекувањата за новата сезона е освојување на двојната круна. На стартот на новата сезона прв противник ни е екипата на Ренова, која доста добро ја познаваме и одиме само на трите бода и ништо друго не е опција.

Нашите надежи има од кого и да учат, што се однесува до лицата кои моментално работат во младинската школа. Нов директор на школата е Бобан Бабунски, нов тренер на младинскиот состав е Петар Ѓорѓиевски и секако тука е легендата на клубот и спортскиот директор, Дарко Панчев.

-Подготвителниот период помина одлично, на чело со новиот тренер Пепи Ѓорѓиевски и целокупниот нов стручен штаб кој што го имаме во Вардар од оваа сезона како никоја друга екипа во Македонија. Сите овие промени многу мотивационо делуваат на целата екипа, кога секојдневно работите со легенди во фудбалот како Бобан Бабунски, Пепи Ѓорѓиевски, Борче Христов и сето тоа секојдневно набљудувано од Дарко Панчев успехот е неминовен и сигурен сум дека имаме квалитетен тим да бидеме шампиони.

Пред стартот на сезоната, црвено-црните одиграа неколку контролни натпревари за подигнување на формата, пред најважниот дел од сезоната, а тоа е освојување на двојната круна.

-За подигнување на формата пред стартот на сезоната одигравме контролни натпревара со доста јаки сениорски екипи од Македонија како и интернационалниот контролен натпревар со екипата на Хата од Дубаи. Со резултатите и игрите кои ги пруживме на овие натпревари покажавме дека сме спремни за освојување на двојната круна во оваа сезона.

Трајчевски и оваа сезона се очекува да биде еден од главните играчи во играта на оваа генерација, од кој многу ќе зависат со какви резултати ќе ги завршуват мечевите младинците на Вардар

-Како што претходно напоменав, доста добро ја познаваме екипата на ренова. Сметам дека сме многу поквалитетна екипа и трите бода сигурно ќе бидат запишани на нашето конто.

Звонко Ивановски