Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Којашевиќ нов играч на ФК Вардар!
Којашевиќ нов играч на ФК Вардар!

Којашевиќ нов играч на ФК Вардар!

ФК Вардар го доби првото зимско засилување. Тоа е, Дамир Којашевиќ кој потпиша 2,5 годишен договор со шампионот на Македонија. Којашевиќ доаѓа од црногорскиот есенски шампион  Младост. Дамир денеска офицјално даде изјава за официјалната страна на клубот, па ви ја пренесуваме истата:

„Да бидам искрен не очекував дека моите први впечатоци ќе бидат вака позитивни, но во секој случај, драго ми е што имав прилика лично да се уверувам во суперлативите, со кои што сите ми говореа за Вардар. Задоволен сум што во наредните две ипол години ќе имам прилика да ги бранам боите на клубот и воедно им благодарам на луѓето од раководните структури, за максимално професионалниот и коректен однос. Се надевам дека со моите игри во пролетниот дел ќе ги оправдам очекувањата и ќе го дадам својот личен придонес во борбата за одбрана на шампионската титула“, потенцираше Којашевиќ во својата премиерна изјава како вардаров играч. – Изјави Којашевиќ за fkvardar.mk