Тројца играчи на Вардар се избрани во идеалниот тим на сеха-лигата за месец декември. Нашиот ракометен шампион се наоѓа на првото место на табелата во ова натпреварување. Моментално нема настапи во сеха-лигата ниту во ЛШ, порази репрезентативните настапи на Европското првенство во Полска, кое започнува за 15 дена. Лука Циндриќ, Мијајло Марсениќ и Дејан Манасков се Вардарците кои се најдоа во најдобриот тим на сеха-лигата за овој месец.
Најдобриот тим за месец декември во сеха-лигата:
Голман: Мартин Јузбашиќ (Нексе)
Лево крило: Дејан Манасков (Вардар)
Десно крило: Гаспер Маргуч (Веспрем)
Пивот: Мијајло Марсениќ (Вардар)
Лев бек: Иван Слишковиќ (Веспрем)
Среден бек: Лука Циндриќ (Вардар)
Десен бек: Бранислав Обрадовиќ (Борац).
Тренер: Ксавиер Сабате (Веспрем).