Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младинците на Рк Вардар Јуниор го освоија второто место на турнирот во Белград
Младинците на Рк Вардар Јуниор го освоија второто место на турнирот во Белград

Младинците на Рк Вардар Јуниор го освоија второто место на турнирот во Белград

Младинците на Рк Вардар Јуниор го освоија второто место на силниот меѓународен турнир во Белград. Во финалето избраниците на Зоран Петковски беа поразени од екипата на Дубрава со резултат 11:18.

Се играше многу цврт натпревар од страна на двете екипи. Екипата на Дубрава прва го отвори резултатот, а црвено-црните после два неискористени напади најпрво израмнуваат а веднаш потоа и поведуваат со 2:1. Противникот прави резултатиски пресврт и повторно имаат водство од 2:3. Неколку минути двете екипи не успаа да ја затресат мрежата, благодарение на своите одлични голмани. Во нашите редови, првиот голман Кристијан Стојов одлично го започна ова финале, каде по првото полувреме имаше седум успешни интервенции. По неколку неискористени напади, конечно успеваме да погодиме од крилна позиција, за израмнување на резултатот од 4:4. Противничкиот голман најзаслужен што Дубрава го контролира резултатот и има водство, за прв пат два гола позитива. При резултат 5:6, избраниците на Зенга не искористуваат чист зицер, додека на спортивната страна противникот казнува за 5:7. Со овој резултат се замина на полувреме, кое се игра по 20-тина минути.

Во вториот дел оваа предност од два гола разлика, тимот на Дубрава ја одржуваше во првите пет минути, се до моментот кога со серија од 0:3 веќе имаа голема предност од 7:12. Ова беше клучен период за конечниот победник во ова големо финале на “Трофеј Белград“. Продолжуваат нашите грешки во нападот, што резултираа со избрзани удари од неизградени позиции. На спротивната страна противникот умешно ја казнуваше секоја наша грешка. Не успеваме да погодиме од удар од седум метри, затоа Дубрава за прв пат на овој дуел има најголеми шест голови разлика. Во второто полувреме на голот застана и Мурат Куртановиќ, кој забележа неколку успешни интервенции, но за жал не го сменија текот на мечот. Дубрава во еден момент имаше предност од 10:17. Нашите момци не успеаа да се вратата во мечот и да го направат крајот понеизвесен.