Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Четврто место за кадетите на Рк Вардар на силниот турнир во Белград
Четврто место за кадетите на Рк Вардар на силниот турнир во Белград

Четврто место за кадетите на Рк Вардар на силниот турнир во Белград

Кадетите на Рк Вардар предводени од тренерот Слободан Чивлачки го завршија настапот на силниот меѓународен турнир “Трофеј Белград“. На крајот оваа генерација го освои четвртото место, во конкуренција на 16 ракометни балкански екипи.

Црвено-црните одлично ги започнаа настапите на овој турнир, каде во групната фаза имавме остварено три победи, од исто толку одиграни мечеви. Совладани беа екипите на Белград (28:11), Раднички (23:18), како и големиот фаворит, тимот на Партизан (15:11).

Во полуфиналниот дуел силите ги одмеривме со екипата на Дубрава, каде несреќно загубивме со само еден гол разлика (18:19). За малку да се најдеме во големото финале и да се бориме за медал на “Трофеј Белград“. Денес во борбата за третото место загубивме од екипата на Раковица и тaка ги завршиме настапите на турнирот на четвртото освоено место. За најдобар стрелец на турнирот во машка кадетска конкуренција беше прогласен Мартин Карапалевски од редовите на Вардар.