Уште едно во низата признанија за “Летачкиот русин“ во црвено-црниот ракометен колектив. Нашиот крилен играч Тимур Дибиров е победник во изборот организиран од СЕХА Газпром лигата за најубав гол според гласовите на жири од новинари и според гласовите на фановите на Фејсбук.
Погодокот Дибиров го постигна на гостувањето во дербито на СЕХА-регионалната лика кај Веспрем кое заврши со реми 24-24. Тој погодок беше избран за најдобар според новинарите, додека кај фановите на Фејсбук победата ја однесе Ренато Сулиќ. Видеото од овој избор ќе може да го погледнете во продолжение :