Брзоногиот Дамир Којашевиќ има ”убиствена” лева нога. Преку видео клиповите поставени на интернет можеме да се увериме на одличната лева нога на овој црногорски играч. Дамир во минатото знаел да постигне вистински евро голови. Во Сараево пред неколку години Којашевиќ го имал постигнато еден од најубавите голови во шампионатот на БИХ. Потоа, на видеата во Астана можеме да се увериме дека се работи за играч кој често знае да погоди и од слободен удар, токму со левата нога. За ”шлаг на тортата” , Којашевиќ оваа полусезона бил носител на играта во нападот на Младост со постигнати 7 погодоци. Очекуваме Дамир да биде одлично засилување, во походот кон нова титула во ПМФЛ.