Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Крајова повторно поуспешна од Жрк Вардар јуниор
Крајова повторно поуспешна од Жрк Вардар јуниор

Крајова повторно поуспешна од Жрк Вардар јуниор

Вчера се одигра последната контролка на романскиот тим Крајова и екипите на женскиот клуб Вардар. Во истата повторно победа за романките  над младата екипа на црвено-црните Жрк Вардар јуниор предводена од Симе Симовски. Гостинките победата ја издвојуваа со резултат 19-25 во своја корист.

Крајова во првиот дуел завчера исто така го победи јуниор, но вчера доби ракометна лекција од избраниците на Индира Кастратовиќ кои на романките и нанесоа двоцифрен пораз. Денешниот меч се одигра во малата сала при С.Ц “Јане Сандански“ напладне. На полувреме романките на пауза заминаа со предоност од 8-12. Во вториот дел нашите млади девојки ја стабилизираа играта и недозволија гостинките да се одлепат на сериозна предност, мечот заврши со 19-25. За вардарки по мала пауза околу празниците  ќе ги продолжи подготовката  за 1/8-финалето во Челинџ купот против Минаква Војводина. Истото е закажано за на   16 и 17 јануари и ќе се игра во Јане Сандански.

Вардар јуниор: Белмезова 4 одбрани, Петковска 10 одбрани, Прленда 1, Петровска, Стојановска 4, Трпковска, Георгиевска, Николовска 1, Митова 6, Нолевска 4, Велкова 1, Трајчевска, Керамичиева 2, Мишевска, Гичевска.