Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Којашевиќ и Вардар спогодбено го раскинаа договорот
Којашевиќ и Вардар спогодбено го раскинаа договорот

Којашевиќ и Вардар спогодбено го раскинаа договорот

Дамир Којашевиќ не е повеќе дел од Вардар, откако репрезентативецот на Црна Гора и клубот го раскинаа договорот, па така во наредниот период Којашевиќ ќе може да си бара нов клуб каде ќе ја продолжи својата кариера.

Којашевиќ пристигна во 2016 година во пролетниот дел и за црвено-црните одигра вкупно 50 натпревари на кои постигна 13 голови. Се шпекулира дека негова следна дестинација ќе биде екипа од Полска. Од клубот, како и од нашата редакција му посакуваме многу среќа понатаму.

Засега Вардар го напуштија Стефан Спировски и Дамир Којашевиќ, додека нови засилувања се Итало, Куајнор и Марковиќ.