Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Максим Максимов е најново засилување за Вардар

Максим Максимов е најново засилување за Вардар

Моментално најдобриот стрелец во лига Европа, Максим Максимов е ново засилување за екипата на Вардар. Интернационалецот од Русија кој доаѓа од екипата на Тракаи од Литванија стави верност на три години со нашиот фудбалски шампион. Има настапува за екипите на Факел, Атлантас и Тракаи. Се работи за одличен млад напаѓач, на кој му се предвидува блескава иднина

-Знам за Вардар дека е голем клуб и дека во последните години е редовен шампион на Македонија. Клубот секогаш оди на титула, на највисок пласман, а оваа година стигна и до најголемиот успех во историјата со пласманот во групната фаза од Лигата на шампионите. Од оваа сезона очекувам да ја одбраниме титулата во првенството, да освоиме што е можно повеќе бодови во групата во Лигата на Европа, зошто да не и да продолжиме понатаму во следната фаза“, истакна Максимов за офиицијалната страница на Вардар.

Максимов верува дека брзо ќе се прилагоди во новата средина и дека ќе постигнува голови за Вардар.

-Ова за мене е нов предизвик, поинаков од досегашните. Вардар е добра можност да ги покажам моите квалитети, да ги покажам моите амбиции. Се надевам дека ќе ја продолжам мојата форма и дека ќе продолжам да давам голови и во дресот на Вардар, кои ќе му донесат успех на тимот. Верувам дека брзо ќе се адаптирам во новата средина. Знам дека има неколку фудбалери во екипата кои што зборуваат руски јазик, и верувам дека ќе ми помогнат за да се прилагодам во новиот клуб, а јас на секој тренинг и на секој натпревар ќе давам максимум за да ја оправдам довербата.

ДОБРЕДОЈДЕ МАКСИМ !