Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Којашевиќ за Вардар фанс: Денес покажавме кој е број еден во Македонија
Којашевиќ за Вардар фанс: Денес покажавме кој е број еден во Македонија

Којашевиќ за Вардар фанс: Денес покажавме кој е број еден во Македонија

Зимово, наше првото засилување беше Дамир Којашевиќ, тој  потпиша 2,5 годишен договор со шампионот на Македонија. Којашевиќ дојде во нашиот тим од црногорскиот есенски шампион, Младост, кој за кратко се адаптираше на нашата игра. За кратко прерасна во еден од најважните поединци во составот на Гоце Седлоски. Денес Дамир одигра одличен меч со Шкендија , својта одлична игра ја круниса со “бомба“ за 3-0 од голема далечина. Вардар фанс ви носи негова изјава, Којашевиќ за нашиот сајт вели:

Натпреварот денес беше навистина тежок, се играше по жешко време, имавме притисок ние играчите бидејќи во првото коло “кикснавме“. Денеска знаевме дека мора да победиме и успеавме во тоа, и затоа ми е мило. Одигравме онака како што беше договорот во соблекувалната, бевме договорени секој да гине за Вардаровиот дрес. Излеговме на терен и покажавме кој е број еден во Македонија. Јас сум задоволен од мојот настап, сепак заслугата оди на другите момци и тимот во целост. Соиграчите ме поддржуваа и ете дојде тој убав погодок кој искрено го очекував денес. Најважно е што го остваривме зацртаното. Благодарам на публиката за поддршката денес.- изјави Дамир Којашевиќ за Вардар фанс.

Димитар Гогов