Двајцата интернационалци во редовите на фудбалскиот клуб Вардар, Дамир Којашевиќ и Тигран Барсегјан добија покани за настап за своите А-селекции за дуелите од квалификациите за Светското првенство во Русија. Интересна факт е дека 10. јуни на стадионот во Подгорица во рамките од квалификациите ќе играат селекциите на Црна Гора и на Ерменија, во чии редови играат црвено-црните момци.
Дамир Којашевиќ на тој натпревар ќе биде во комбинација за настап за својата Црна Гора, додека Тигран Барсегјан е на списокот на повикани за ерменскиот национален тим. Доколку селекторите старутваат со нив или ги уфрлат во игра двајцата наши напаѓачи ќе се најдат еден против друг на теренот во Подгорица. Покрај за овој меч двајцата избраници на Гоце Седлоски ќе одиграат и по еден пријателски натпревар за нивните земји во овој УЕФА-термин.