Трета сезона по ред пионерската екипа на фудбалскиот клуб Вардар го освојува купот на Македонија и вкупно трети трофеј за тренерот Сашо Тодоровски. Овој искусен стратег доаѓа на клупата пред две сезони, кога ги водеше помладите пионери на Вардар. За само шест месеци како тренер на помладите пионери, во сезоната 2014/15 успева да го освои купот на Македонија, совладувајќи ја тогаш во големото финале екипата на Шкендија, дури по изведување на удари од белата точка.
Истата сезона за само еден бод му побегна и првенствената титула. Минатата е сезона од соништата за популарниот Рап-Тап, кој со истава генерација, но сега како повозрасни пионери ја освојува двојната домашна круна. Повторно го освојува купот, каде во големото финале, кое се играше на терените на ФФМ , ја совладавме екипата на Милано со резултат 3:1.
Успехот го повтори и оваа сезона, кога вчера во големото финале на националниот куп ја победи и екипата на Работнички, со резултат 2:1. Овој натпревар се одигра на теренот на “Билјанини извори“’ во градот Охрид. Сашо Тодоровски е единствениот тренер, кој оваа сезона успева да освои трофеј во повозрасните младински категории на ФК Вардар.
На почетокот на сезоната успеа да го освои силниот меѓународен турнир “Скопје куп“, каде во големото финале ја победивме екипата на Сесвете од Хрватска. Исто така Тодоровски се најде во изборот за најдобри тренери во младинските категории, каде требаше да го добие ова признание.
За нецели три сезони, успеа да донесе четири трофеи во витрините на фудбалскиот клуб Вардар, што говори за неговата квалитетна и напорна работа со пионерите на овој клуб.