Довчерашниот играч на ФК Вардар, Бојан Колевски е нов играч на второлигашот, Борец од Велес. Младиот напаѓач е роден 2000 година, и тој бше најмладиот играч во составот на Вардар во сезоната 2016/2017. Со само 16 години доби шанса да биде дел од првиот тим на „црвено-црните“. Дојде во зимскиот преоден рок во 2017 година од таборот на Металург Скопје, каде што ги мина сите младински категории. Настапуваше за младинскиот состав на Вардар и добиваше повремено шанса во првиот тим.
Претходно Борец се засили со уште неколку играчи, кој има цел да игра во првата македонска лига. Во сезоната 2017/18, Колевски постигна 9 голови за младинците на Вардар. Инаку се работи и за репрезентативец на Македонија до 18 и 19 години.