Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Стефан Коловски: Познати ни се квалитетите на тренерот Арсовски, се надевам дека истиот успех ќе го повтори со нас и ќе не направи шампиони во детската лига
Стефан Коловски: Познати ни се квалитетите на тренерот Арсовски, се надевам дека истиот успех ќе го повтори со нас и ќе не направи шампиони во детската лига

Стефан Коловски: Познати ни се квалитетите на тренерот Арсовски, се надевам дека истиот успех ќе го повтори со нас и ќе не направи шампиони во детската лига

Стефан Коловски е дел од генерацијата “2006“ на фудбалскиот клуб Вардар. Минатата сезона доаѓа во клубот, во пролетниот дел од школата Форца и веднаш се наметнува како стандарден играч во составот на оваа надежна генерација. Минатата сезона ја заврши како четврти најдобар стрелец со вкупно 11 постигнати голови. Многу брз играч кој располага со одлична техника и чуство за игра. Оваа сезона ќе ја надмине бројката на постигнати голови и веќе зад неговото име се запишани 12 погодоци, што го прави трет најдобар играч во овој дел од сезоната на составот предводен од Филип Арсовски. Игра за екипата на Вардар (1) која е неприкосновена, забележувајќи девет победи од исто толку одиграни мечеви, ако се додаде и првиот пролетен натпревар тоа се вкупно 10 победи за оваа екипа. Во следново интервју ве запознаваме со оваа голема надеж на Вардар, кој се надеваме дека ќе ги исполни неговите зацртани цели за во иднина.

-Фудбалот беше моја прва желба, а пред да започнам да тренирам играв со децата од мало и тогаш татко ми ме примети дека го сакам фудбалот и ме запиша во Форца. Моите први почетоци беа токму во фудбалската школа Форца под водство на Јовче Џипунов. Таму тренирав 9 месеци и ги научив основните работи во фудбалот. Потоа се префрлив во Кул Здравје каде тренирав две години. Голема желба имав да играм во Вардар и со помош на татко ми желбата ми се оствари. Кога почнав во Вардар тренер ми беше Игор Кралевски со кој постигнавме добри резултати.

vardarfans-naslovna7-660x3301-660x330-660x330

На стартот на новата натпреварувачка сезона, генерацијата “2006“ доби нов тренер во името на Филип Арсовски кој ќе се обиде оваа генерација да ја донесе на врвот во детската лига

-Задоволен сум од есенската полусезона, благодарение на тренерот Филип Арсовски кој не состави како добар тим и добро не подготви да играме тимски. Мојата позиција е лево напред и добро се снаоѓам. Арсовски е одличен тренер од кога почнавме да тренираме со него доста напредуваме и неможат да не препознаат дека сме истиот тим. Познати ни се неговите тренерски квалитети и успесите кои ги направи минатата сезона со генерацијата “2004“ кога освои прво и трето место во лигата. Се надевам дека истото ќе го повтори со нас и ќе не направи шампиони во лигата. Наше е да ги слушаме неговите совети и да ги исполнуваме поставените задачи на теренот кои ни ги дава.

Сите услови да станат врвни играчи и нормално да тренираат ги имаат на Академијата. Покрај настапите во детската лига оваа генерација се натпреварува и во новиот проект на ФК Вардар, наречен “Јуниор“ лига.

-Условите за работа на академијата се одлични и по тоа се гледа напредувањето. Имаме можност да се натпреваруваме и во “Јуниор“ лигата кој е одличен проек за да можат сите деца да се докажат и покажат својот талент кој го поседуваат.

vardarfans-kolovski

Изминатиов викенд стартуваше пролетниот дел во детската лига, а Вардар (1) триумфираше во дуелот со Скупи со 4:2. Два од погодоците беа дело токму на Коловски.

-Во пролетниот дел од сезоната ке дадеме се од себе на крајот да бидеме шампиони во детската лига. Одлично го започнавме пролетниот дел каде стигнавме до нова десетта последователна победа во дуелот против тимот на Скупи. Од мојот придонес сум задоволен и од моите соиграчи фудбалот е сепак тимска игра.

Трудот и упорноста се главните работи според Стефан за да станеше успешен фудбалер.

-Играњето во Вардар ми значи многу и ме асоцира на многу фудбалски легенди. Моето мото е никогаш не се откажувај само труд, упорност и борба. Мојот идол е Роналдо, на исти ден сме родени и посакувам еден ден да го надминам секако со многу труд упорност, макотрпно тренинзи и работа.

Звонко Ивановски