Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Вардар СЦЈС во петок го пречекува Овче Поле
Вардар СЦЈС во петок го пречекува Овче Поле

Вардар СЦЈС во петок го пречекува Овче Поле

Младите вардарки од екипата на Вардар СЦЈС во петок ќе го одиграат следниот меч од женската Супер лига. Тие ќе го играат првиот пролетен меч на домашен терен оваа 2017 година, избраничките на Симе Симовски тргнаа со победа во малото дерби на Македонија во женска конкуренција.

Во првото пролетно коло гостувавме во Автокоманда кај ривалот за вицешампионската позиција екипата на ЖРК Металург и однесовме триумф. Во одличен меч младите вардарки победија в гости со 24-26 и се доближија на само три бода до првопласираниот Металург. Црвено-црните девојки во петок во малата сала во Спортскиот центар “Јане Сандански“-Скопје ќе ја пречекаат екипата на Овче Поле. Мечот ќе се игра со почеток во 16-30 минути. Во минатиот дуел на домашен терен девојките од Свети Николе ги победивме со 37-22, а во гости триумфиравме со 19-33. 

Мечот ќе се игра во петок бидејќи викендов ќе има вториот собир на младинската женска репрезентација на Македонија за играчи до 19 години кој ќе се одржи во С.р.ц “Кале“. На истиот  селекторот Борче Маркоски повика 10 ракометарки на Вардар СЦЈС.