Тимур Дибиров се најде во идеалниот тим на СЕХА-лигата за месец февруари. Вардарци со победа го завршија регуларниот дел од сезоната и тоа на првото место со само еден пораз. На последното гостување против Горење, црвено-црните славеа со резултат 29:31. На тој дуел Дибиров беше најефикасен со 8 голови. Исто така на последниот меч пред домашната публика во регуларниот дел од СЕХА-лигата, нашиот шампион го победи Нексе (37:29), а Дибиров повторно беше најдобар стрелец со 6 погодоци.
Вака изгледа идеалниот тим на СЕХА-лигата за месец февруари:
Лево крило- Тимур Дибиорв (Вардар)
Лев бек- Иман Џамали ( Брест Мешков)
Среден бек – Филип Кузмановски (Металург)
Десен бек – Давид Миклавчиќ ( ППД Загреб)
Десно крило – Блаж Јанц ( Целје)
Пикер – Растко Стојковиќ ( Брест Мешков)
Голман – Урбан Лесјак (Целје)
Тренер: Бранко Тамше (Целје)