Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Бобан Николов го одигра 50 официјален натпревар во Вардар

Бобан Николов го одигра 50 официјален натпревар во Вардар

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Бобан Николов вчера прослави мал јубилеј во дресот на Вардар. Николов на вчерашниот Куп натпревар против Шкендија го одигра 50 официјален натпревар во дресот со “црвено – црните” бои. Николов овој мал јубилеј не го прослави на најдобар начин, неговиот тим за жал беше поразен во Купот на Македонија.

Инаку, Бобан Николов низ бројки има забележано 40 настапи во првенството, еден настап во Супер-Купот на Македонија, потоа седум меча во Купот на Македонија и два во Лигата на шампионите.