Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Комити > „Комити“ : Ве повикуваме, кога го сакаш Вардар ДОАЃАШ НА ПРВ ТРЕНИНГ!
„Комити“ : Ве повикуваме, кога го сакаш Вардар ДОАЃАШ НА ПРВ ТРЕНИНГ!

„Комити“ : Ве повикуваме, кога го сакаш Вардар ДОАЃАШ НА ПРВ ТРЕНИНГ!

Навивачката група „Комити“ излезе со соопштение по повод првиот тренинг на ФК Вардар по завршувањето на натпреварувачката сезона. „Комити“ ги повикуваат сите членови да дојдат во сабота и да му дадат поддршка на својот миленик.

Нова сезона е пред нас…
Сезона во која стартуваме казнети, без засилувања, отпишани од ривалите и ‘стручњаците’, и првото место изгледа далечно и неостварливо.

Сме имале во историјата и стартови на првенства со -9 бода па веднаш по првото коло и -12, но никогаш тоа не ни било причина да паднеме во депресија и да загубиме надеж.
Напротив, веруваме во сопствените сили, веруваме во овој кадар кој достојно ја издржа сезоната и обезбеди учество во Европа, но ете нема да бидеме наградени да играме, барем не до идното лето, и нема навивач на Вардар на кого тој момент не го погодува. Истовремено нема навивач на Вардар кој се откажува од својот сакан клуб или фрла со дрва и камења кон него поради тој момент.

Да расчистиме…
Вардар се сака со присуство…
Кога го сакаш Вардар одиш да го гледаш, и потоа коментираш.
Кога го сакаш Вардар си покрај него и не се откажуваш…
Кога го сакаш Вардар ја носиш болката во себе и не ја истураш врз клубот, туку си со него безусловно… Понекогаш кога не можеш да издржиш и посилно е од тебе се празниш врз противниците или судиите, иако знаеш дека не чувствуваш омраза кон нив, тие се само професионално против иако речиси сите имаат посебен мотив да се докажат пред тоа славно име, и сонуваат дека тие треба еден ден да бидат на местата на оние кои се привилегирани да ги носат тие црвено црни дресови.

Добра вест за сите кои го сакаат Вардар, Ситуацијата во клубот полека се средува, првите позитивни сигнали со мало задоцнување сепак се тука токму навреме…
Првиот дел од припремите сме тука, за потоа од 17 Јули до 2 Август сме на Рогашка Слатина, Словенија, и поради неиграњето во Европа за нас првенството започнува на 11 Август.
До стартот на припремите во Словенија треба да се расчистат обврските кон играчите и тогаш неоптоварени да видиме дали и колку можеме…
Веруваме во вас момци, со вас бевме и ќе бидеме…

Кога го сакаш Вардар ДОАЃАШ НА ПРВ ТРЕНИНГ !!!
Сабота, Тренинг Камп ФК Вардар во Хиподром 18:00ч.

Ве повикуваме !!!
Пренесувајте !!!