Селекторот на женската младинска репрезентација, г-ѓа Јулијана Дамчевска го започна во понеделникот подготвителниот период за претстојниот ЕХФ W19 2019 Шампионат. Истиот ќе се игра во Литванија од 15.07 до 21.07.2019. По одработување на првата фаза во салата “Автокоманда„ во оваа втора фаза девојките веќе третти ден се во Маврово на висински подготовки. Тие овде ќе се подготвуваат се до 6.јуни по што ќе стартува последната третта етапа пред заминувањето на шампионатот.
Младинската репрезентација на Македонија е во групата Б заедно со репрезентациите на Грузија, Швајцарија и Литванија. На списокот за овие подготовки се најдоа пет девојки од ЖРК Вардар, станува збор за пикерот Ивана Џатевска, голманот Илиќ Андреа, потоа крилото Ивона Трпевска и двата бека Ана Марија Божиновска и Андреа Седлоска.