Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Борење: На само 3 секунди пред крајот Нуров го загуби бронзениот медал на Европските игри
Борење: На само 3 секунди пред крајот Нуров го загуби бронзениот медал на Европските игри

Борење: На само 3 секунди пред крајот Нуров го загуби бронзениот медал на Европските игри

Могамедгаџи Нуров (97 кг) остана без бронзен медал на три секунди до крајот на Европските игри во Минск, Белорусија. Во борбата за бронзата загуби со 1-3 од домашниот борач Алекасандар Хуштин (Белорусија). До тие три секунди резултатот беше 1-1, а нашиот борач во 44 секунди до крајот беше поактивен. На крајот тргна во акција на се или ништо и кога се чинеше дека ќе поентира Хуштин се извлече и му направи конраакција од која зарботи два поени.

Ова тешко му падна на Нуров, па крајот го дочека со солзи во очите.

Инаку прв поведе Хушин 0-1 со казнен поен за некактивност, а Нуров изедначи во втората рунда со акција на истуркување. Нуров го освои петото место, досега тоа е најдобриот резултат на некој наш спортист на Игрите.

nurov-z-abronza-na-ei-2019

Tој во предпладневните борби во репасажот го совлада Сабо Михали од Унгарија со 11-0 (технички туш) и така се обезбеди борба за бронзениот медал.

Нуров во првото коло го победи Литванецот Лукас Караускас со 10-0 (технички туш), а во второто коло налета на рускиот борач, олимпискиот, светскиот и европскиот првак, Абдулрашид Садулаев и загуби со 6-0.

Ipon.mk