Saturday ,19 April 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Девојките кои ја одбележаа сезоната, пионерките на Вардар го освоија првото место и во кадетската лига
Девојките кои ја одбележаа сезоната, пионерките на Вардар го освоија првото место и во кадетската лига

Девојките кои ја одбележаа сезоната, пионерките на Вардар го освоија првото место и во кадетската лига

Иако се генерација родени 2004/05 година, тоа не им сметаше на вардаровите пионерки да бидат шампиони и во рамките на кадетската лига. Оваа екипа под водство на Платон и Папуџиева успеа да направи нов подвиг, овој пат многу поголем и да ги обедини трофеите во пионерската и кадетска лига. Не го сфатија сериозно Вардар во оваа лига, па можеби на крајот тоа им се „одмазди“ на најголемите фаворити за освојување на првото место. Регуларниот дел од сезоната го завршивме на делба на првите две позиции кои носеа пласман на завршниот турнир, со екипата на Деспина, со која имавме еднаков број на освоени бодови. На 14 одиграни мечеви имавме 12 победи, само еден нерешен резултат и еден пораз и тоа во есенскиот дел од сезоната.

174

Одлично, речиси перфектно ја одигравме втората етапа од кадетската лига, кога имавме максимален број на освоени бодови, успевајќи на гостински терен да го совладаме тимот на Алушовски, кој во тој момент беше наш најголем конкурент за втората позиција, за во последните кола на домашен терен да го победиме и лидерот, тимот на Деспина. Успеавме да постигнеме 461 гол, додека примивме 232 погодоци.

Ова се сите остварени резултати за пионерките на Вардар во регуларниот дел од сезоната во кадетската лига:

1 коло: слободни

2 коло: слободни:

3 коло: Вардар – Филип Вардар 44:4

4 коло: Вардар – Алушовски 21:23

5 коло: Макалоски – Вардар  16:23

6 коло: Вардар – Кале М.К Вардар  42:16

7 коло: Деспина – Вардар  21:21

8 коло: Вардар – Лихнид  35:23

9 коло: Илинден - Вардар  13:38

10 коло: слободни

11 коло: слободни

12 коло: Филип Вардар – Вардар  6:56

13 коло: Алушовски - Вардар 21:24

14 коло: Вардар – Макалоски  30:12

15 коло: Кале М.К. Вардар - Вардар  22:44

16 коло: Вардар  – Деспина  29:24

17 коло: Лихнид – Вардар  17:31

18 коло: Вардар – Илинден  23:14

62124088_2421046414790878_5534066997278539776_n-660x330

Според игрите кои ги прикажавме во регуларниот дел, заслужено се пласиравме на завршниот турнир на најдобрите четири екипи, каде влеговме можеби со најмали шанси за првото место, со оглед дека бевме помлади од останатите противници. Одигравме два епски, тешки и долги натпревари, од кои полуфиналето го добивме дури после изведување на седмерци, откако во регуларниот дел мечот против Шампион заврши без победник. Во големото финале после голема борба ја совладавме екипата на Металург и на тој начин станавме шампиони на Македонија.

d14

 1/2 финале: РК Шампион – ЖРК Вардар 28:29 (пенали) рег.24:24 (14:12)

ФИНАЛЕ: ЖРК Металург – ЖРК Вардар 31:32 (11:15)

d8

Ракометарка од редовите на Вардар беше прогласена за МВП на завршниот турнир, се работи за девојката која доаѓа од Кичево, тоа е Сара Стефаноска. Истиов играч се најде и во идеалниот тим, како најдобар лев бек, додека место во најдобрата седморка имаше и за Борјана Коцева (десен бек) и Бојана Радевска ( десно крило).

 d9 d10