Нашиот миленик и европски првак Вардар одбраната на титулата во Лигата на шампионите ќе ја започне со настапи во групата Б. Во истата има доста силна конкуренција, тука се силните екипи на Веспрем, Киелце, Монпелје, Кил. Германскиот тим ја знае вардаровата сила во ЛШ, нивниот спортски директор на Виктор Силаги не е среќен со ждрепката.
-Ќе биде спектакуларно и многу тешко, пред сè затоа што го имаме за противник бранителот на титулата, Вардар. Исто така, тука се и ланскиот финалист и уште две екипи учесници на Ф4. Посакувавме други ривали, но ќе го прифатиме предизвикот и ќе се бориме за што подобра позиција на табелата- вели Силаги .