Преговорите на Мотор Запорожје и Вардар околу Глеб Калараш продолжуваат и по вчерашната средба во Виена.
„Вардар Фанс” дознава дека челниците на Мотор Запорожје побарале солидна сума на пари за Калараш да остане во Вардар и во новата сезона. Но и покрај високото барање на челниците од Запорожје, според информациите и двете страни би можеле многу бргу да се договорат и за пониска сума од онаа што сега ја бара тимот од Украина, за Глеб да се официјализира во старо – нов играч на РК Вардар.
„Вардар Фанс” продолжува да ја следи ситуацијата околу Калараш. Се надеваме на крајот со позитивен епилог по Вардар и Глеб.