Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Даниел Исајловски: Ние сме екипа со одличен тимски „дух“ , затоа и освојуваме пехари
Даниел Исајловски: Ние сме екипа со одличен тимски „дух“ , затоа и освојуваме пехари

Даниел Исајловски: Ние сме екипа со одличен тимски „дух“ , затоа и освојуваме пехари

Вардарците од генерација 2007 немаат конкуренција, тие оваа сезона  и четврта последователна година станаа шампиони на Република Македонија. Постојано редат успеси, па само во оваа сезона тие   освоија и три турнири што ги прави една од најтрофејните екипи. Станува збор за тим кој е одлично вкопен во целост, функционирајќи на високо ниво.

Велат во фудбалот дека: „Голман е половина тим“, па во продолжение ќе ве запознаеме со еден од голманите на оваа шампионска екипа. Дел од овој тим е и Даниел Исајловски, млад и перспективен голман кој вредно работи и напредува. Тој е дел од тимот кој постојано „жнее“ успеси, вградувајќи свој дел во истите. Во продолжение ви носиме интервју со овој талентиран “чувар на мрежата“ од црвено-црниот тим.

Даниел во своите почетоци..

Даниел во своите почетоци..

1. Од кога Даниел се дружи со фудбалската топка, почетоците   и како стана дел од Вардар?

Како и за повеќето деца од овие простори, дружењата, со најчесто омилената играчка на децата фудбалаката топка, започнува во градските маала. Каде и да се свртиме децата најчесто, како што може да се види играат фудбал. Секое дете има свој идол, и желбата на сите нас децата е некогаш да станаме Буфон, Ноер, Меси, Роналдо, Марадона, Ван Бастен.. Во најраните години се интересирав каде може да се тренира и заедно со својот родител, кој ми е најголема поддршка, барав соодветен клуб, а се знае што Вардар претставува за македонскиот фудбал.

2. Зошто одбра да бидеш голман, кој европски чувар на мрежата ти е идол и кој ти е најголемата поддршка во спортувањето?

Кога играв со децата фудбал во малото, некако ми се виде дека најмногу од работите зависат од голманот и дека голманот претставува половина екипа и е важен за успехот на екипата. Од европските чувари на мрежата, најголем впечаток ми остава Тер Штеген, иако има и многу други врвни голмани. Секако дека како и на повеќето деца родителите им се најголемата поддршка, во мојот случај тоа е мојата мајка која ми дава голема поддршка. Најважно е што таа ужива во секој момент поминат со мене. Да не ги заборавам и другите членови на семејството. Треба да се потенцира и важноста на поддршката од тренерите, кои не себично работат, односно ни помагаат да напредуваме на сите  нас.

3. Ја одбрани титулата во лигата, кои се  твоите импресии за сезоната и важноста на тимскиот успех?

Првиот дел од сезоната, сметам дека беше најважниот. Во тој дел од сезоната, пред се поради тимскиот дух екипата беше на првото место кое го задржа и на крајот од сезоната. Во овој период екипата постигна најмногу голови, а секако што е многу важно за мене и најмалку голови прими. Сето тоа вклопено во мозаикот на еден тим донесе успех и радост на крајот од сезоната кога по четврти пат по ред го дигнавме шампионскиот пехар.

cv

4. Турнирот во Несебар  кој се играше овој месец го одигравте одлично, дојдовте до пехар, какви се впечатоците од истиот ?

Многу сум среќен за постигнатиот успех, не само поради малиот број примени голови туку за успехот на целата екипа. Само како тим, а не како поединци, можеме да постигнуваме вакви успеси. Мојата генерација 2007 година ја краси тимска игра, нешто што секогаш не донесува до врвот како по правило. Се надевам на идни успеси.

-Исајловски е голман кој постојано напредува, од година во година неговата форма е во нагорна линија. Посветеноста на тренингот и вредната работа, заедно со голманската интелигенција која ја поседува му дозволуваат перманентен напредок во изминатите години-

5. Оценка за твоите настапи оваа сезона на сите фронтови каде што настапи, лигата и меѓународните турнири?

cv2

Задоволен сум од моите настапи и како што кажав, особено во првиот дел од сезоната. Но, секако дека мојот успех може да се истакне само ако целата екипа има успех. Без успех на целата екипа и мојот удел ќе биде незначителен. Горд сум што сум дел од една вака одлична екипа.

6. Каде се гледа Даниел во иднина како спортист?

Најважно е напорно да тренирам, а понатамошниот успех зависи и од други работи. Да не заборавам и самото тренирање без оглед каков спортист ќе бидам во иднина создава  позитивна навика за бавење со спорт. Времето е пред мене, истото ќе покаже каде ќе ме однесе судбината, се надевам ќе има расплет онака како што имам замислено.

-Исајловски значајно има напреднато во вардароиот тим, одличната работа со тренерот Слободан Мутибариќ-Муто и неговата „жед“ за фудбалската игра се добитна комбинација. Сеуште е во процес на раснење што додатно ја подобрува неговата вештина како млад и перспективен голман-

cv4

7. Во вардаровиот тим работите со еминентен тренер на голмани,  твојот тренер Муто како што популарно го нарекувате?

Секаде тренерите се важни за правилниот развој на децата. Најважно е што тој има  големо голманско и тренерско искуство. Па истото, односно неговите  знаења успева да ни ги  пренесе на нас. Очекувам во иднина уште поголема заедничка соработка.

8. За крај, порачај ни нешто што ние не го опфативме во нашите прашања?

Според мене, најважно е да бидам здрав, да тренирам, да се дружам со другарчињата, да имам здрава навика за спортување, вредно да учам и пред се да бидам добра личност. Сето друго што треба да дојде ќе дојде како плод на вложувањето на трудот, ангажираноста и посветеноста.

Михајло Тушевски!