Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Комити > Комити двојна програма!
Комити двојна програма!

Комити двојна програма!

После одличниот навивачки почеток на пролетната полусезона и одлично одработените гостувања ни следува гостување во градот каде што започна нашата приказна за оваа календарска година. Вардар после неколку бледо одиграни натпревари конечно успеа да слави во првенствените дуели, а откако ги одигравме дуелите со условно полесните противници, ни следуваат натпреварите во кои ќе се решава шампионот. Нашата поддршка во Кратово може да биде клучна за нивниот успех. Во Кратово секогаш сме имале гостувања за паметење и оние кои го пропуштија делириумот на стартот од пролетната полусезона, сега имаат шанса за поправен испит. Еуфоријата во црвено-црните редови расте со доближувањето на викендот, затоа што не очекуваат натпревари кои се од клучно значење за понатамошниот тек на сезоната.Сабота е ден во кој РК Вардар е на праг да го оствари најголемиот успех во својата историја и на македонскиот машки ракомет воопшто, па така од фудбал директно ќе се оди на ракомет, а картите за ракометниот натпревар ќе се продаваат по враќањето од Кратово.Кој ќе придонесе за незаборавен викенд во време на најголемиот Христијански празник, доколку не сме ние Комитите?
ОДИМЕ ВО КРАТОВО, А ПОТОА СИТЕ НА РАКОМЕТ!!!Собир за Кратово 12.00ч на железничка. Карта 100 денари.
За ракометот, карта со членска 100 денари, без членска 200 денари.
БИЛО КОГА, БИЛО КАДЕ!!!

Текст и слика: Komiti.org