Девојките на Индира Кастратовиќ и Јан Питлик пристигнаа во Будимпешта и во одлично расположение го очекуваат најважниот натпревар оваа година за нив.
Утре со почетоко во 16 часот и 30 минути Вардарки ќе бранат 6 голови предност стекнати во Скопје.
Пред нашиот тим стои одлична можност да го повторат најголемиот успех на Вардар, и тоа две години по ред, да играат на завршинот турнир на најдобрите 4 екипи во светот.
Девојките едногласно велат: За кратко време сакаме, и мораме, два пати да отпатуваме за Будимпешта!
Храбро девојки, со вас сме!
Фото: zrkvardar.mk