Friday ,04 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Чудни се патиштата: Синот против таткото, ученикот против учителот
Чудни се патиштата: Синот против таткото, ученикот против учителот

Чудни се патиштата: Синот против таткото, ученикот против учителот

Во сабота со почеток од 19:00 во С.Ц. Јане Сандански во првиот1/4 дуел, силите ќе ги одмерат екипите на Вардар и Киелце. Овој меч е интересен од неколку аспекти, но оној најпривлечниот е битката на синот и таткото-Дуjшебаеви. Од една страна го имаме Алекс кој настапува за нашиот тим, од другата ќе биде неговиот татко Талант.

Ове не е прв пат да играат еден против друг. Во сезоните кога Алекс беше член најпрво на Ла Риоха, а следната година и на Арагон, неговиот татко беше тренер на Атлетико Мадрид, па на спротиставени страни играа во Асобал лигата. Заедно пак настапуваа една година во поранешниот Атлетико М. Сигурно и во нивното семејство владее недоумица за кого ќе се навива утре. Неговата мајка и братот кој исто така игра ракомет, сигурно е дека ќе допатуваат во Скопје и во живо ќе ја гледаат битката на нивните миленици.

Но она што овој двомеч го прави уште подопадлив и спектакуларен е средбата на поранешниот ученик, сега кормилар на Вардар-Гонзалес и неговиот учител од минатото-Дуjшебаев. Овие двајца речиси претходно пола кариера ја поминаа заедно и освоија многу трофеи, одличја и признанија. Гонзалес како “верна сенка“ од почетокот на својата тренерска кариера го следи поискусниот Талант. Заедно диригираа од клупата на поранешниот европски шампион-Суидад Реал каде беа на кормилото во периодот од 2005-2011 година. По неговото преминување во Атлетико Мадрид продолжуваат заедно на тренерската клупа. Во периодот на нивното владеење во Шпанија и Европа освојуваат голем број на титули. Заедно 4 пати ја осовојуваат Асобал лигата; 4 трофеи во Копа дел-реј; 4 трофеи во Асобал купот. Три пати се победници на супер купот на Шпанија. Во сезоните 2005/6, 2007/8 и 2008/9 со Суидад Реал ја освојуваат Лигата на Шампионите. Имаат две титули и во светскиот Супер глоб куп, во 2010 и 2012 година. И како играчи двајцата имаат освоено многу трофеи, од Олимписките игри се закитени со златни медали. Сето ова ги прави еден од најдобрите и најтрофејниот тренерски тандем кој соработувал заедно.

Но како што се вели “секој почеток има и свој крај“. Дојде денот двајцата да се разделат и секој да тргне по својот пат. Од јануари 2014 година, двајцата се стануваат предводници на различни екипи. Талант доаѓа во Полскиот првак, екипата на Киелце и го заменува Богдан Вента. Истиот месец и неговиот ученик се одлучува за прв пат да стане предводник на еден клуб, и можноста да биде главен тренер на Вардар. Иако првично Душебаев беше тој што требаше да пристигне во Скопје, до тоа не дојде па Раул седна на клупата на црвено-црните. Кој кого и како препорачал се се заборава. Доаѓа денот кога двајцата ќе ги вкрстат мечевите од спротивни страни и ќе бидат главните актери во првата од двете битки што ќе се случуваат овој период. Тогаш ќе се заборави за момент пријателството, и мислите ќе се насочат кон своите екипи, кои ќе се борат да влезат во најдобрите четири клуба во Европа. Предизвикот и залакот е голем, затоа се она што се спомена ќе се остави на страна. Секој ќе сака на крај да излезе како победник, и со поголеми шанси да стартува во реваншот. За кратко ќе се поздрават пред, за време и после мечот, но стрелите веќе ќе бидат нанишанети.

Се познаваат и повеќе од многу од што треба. Гонзалес знае за Талант, и обратно. Идејата кај двајцата и размислувањата се “како да се надмудри “ човекот со кој поминавме многу. Коњаниците и војската е поставена, кој ќе победи во оваа шах партија. Првиот одговор на овие прашања ќе го добиеме утре, а вториот за една седмица. Ние секако веруваме во нашиот Гонзалес и неговата војска која сме сигурни дека ќе биде максимално подготвена и мотивирана за овој дуел.

НАПРЕД ВАРДАР !!

Звонко Ивановски