Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Втората екипа на Жрк Вардар се пласира на заршницата на националниот куп
Втората екипа на Жрк Вардар се пласира на заршницата на националниот куп

Втората екипа на Жрк Вардар се пласира на заршницата на националниот куп

Избраниците на Симе Симовски се пласираа меѓу најдобрите четири екипи, кои ќе се борат за трофејот во купот на Македонија. Во единствениот меч за да стигнат до завршницата, противник им беше екипата на Ѓорче. Натпреварот заврши со голема побед на Вардарки со резултат 28:19.

Ѓорче беше рамноправен противник некаде до крајот на првото полувреме, кога одржуваа резултатска неизвесност. Сепак на полувреме се замина со предност на нашиот тим од 12:9.

Во второто полувреме беше скршен отпорот на противникот, кога со една поагресивна игра успеавме да се одлепиме на солидна предност која на крајот изнесуваше цели девет голови. Во црвено-црниот дрес највеќе се истакна најдобриот играч на оваа екипа Нолевска која постигна 10 голови. Ристевска додаде 7, и Тодоровска 5 гола.

Допрва своите мечеви од групата треба да ги одигра од првиот тим, кој за краток период се одложени поради настапот во сабота против екипата на Ѓер. Вардарки се слободни во полуфиналето, а во финалето ќе играат со подобриот од мечот помеѓу Куманово-Чаир.