Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > Комити > „Комити” : Овој натпревар ќе го памтиме по добро, но немаме време за носталгии, во сабота дел од средствата ќе бидат наменети за нашиот брат и легенда Суха Комита
„Комити” : Овој натпревар ќе го памтиме по добро, но немаме време за носталгии, во сабота дел од средствата ќе бидат наменети за нашиот брат и легенда Суха Комита

„Комити” : Овој натпревар ќе го памтиме по добро, но немаме време за носталгии, во сабота дел од средствата ќе бидат наменети за нашиот брат и легенда Суха Комита

„Комити Запад” на својата Фејсбук страна го објавија следното:

Емоции…
Конечно во својот дом, како гости и не на својата трибина но го почувствувавме нашиот Градски од кој сме оддалечени и предолго…
За радоста да е поголема, нашиот Вардар конечно заличи на себе, делуваше сигурно и моќно, во ниту еден момент не ја доведе во прашање победата.
Конечно ја запеавме песната која не сме ја пееле оддамна, за овој наш стадион со кој сме врзани уште од неговата изградба, реновирање, изградба на Јужна, покривање на Јужна, рушење и изградба на “Спроти Јужна”, рушење и изградба на источната и нашата Западна трибина, за да биде како што е сега, нашата Убавица, нашиот втор дом…
Овој натпревар ќе го памтиме по добро, но немаме време за носталгии затоа што пред нас е уште една викенд програма:

Сабота, 30.03 – РК Вардар – РК Загреб
Заверка на пласманот во четвртфиналето и двобојот со Пик Сегед. И не ни помислуваме дека е се готово и покрај 9-те гола капитал, на теренот и трибините мора да биде ко да почнуваме од 0:0 !!!
Повторно да бидеме хумани!
Влез симболични 100 ден. Дел од средствата ќе бидат наменети за нашиот брат и легенда Суха Комита, на кого во моментов му се најпотребни, а ќе бидат само скромна почит за човекот кој коските ги остави на нашиот Запад, на сите стадиони и сали низ Македонија и странство.
ИЗДРЖИ СУХА !!!
На Собир пред сала ќе има точење пиво од групата, а на ваше барање ќе има и трета, најголема серија маици за оние кои не успеаа да си земат денес и пред Слога во Маџари.

Во Недела, 31.03 во Маџари – ФК Вардар ја продолжува победничката серија против Силекс. Поддршката тука е повеќе од потребна имајќи го предвид густиот распоред настапи Четврток – Недела – потоа Среда (гостување во Кичево со Победа), за шлагот да биде Искра од Тетово…
Влез на стадионот во Маџари за Комити ќе биде слободен.

Благодарност до нашата и управата на Работнички за коректниот однос, кој може да послужи како пример на добра соработка со взаемна почит меѓу сите страни.

#НикогашСеверна #НоваВикендПрограма #ПазиВардарГази#Мобилизација