Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Комплетирано 10 коло за Фк Вардар генер. “2004“ , “2005“ и “2007“ во детската лига
Комплетирано 10 коло за Фк Вардар генер. “2004“ , “2005“ и “2007“ во детската лига

Комплетирано 10 коло за Фк Вардар генер. “2004“ , “2005“ и “2007“ во детската лига

Вчера продолжи детската фудбалска лига, со натреварите од 10 коло. Активни беа Вардаровите генерации родени “2004“, “2005“ и “2007“ година.

Фк Вардар генерација “2004“ настапи со своите две екипи и забележа една победа и нерешен резултат.

Фк Вардар (1) беше убедлив во дуелот со Њу Старс. Разликата во квалитет на двете страни беше очигледна, па нашите надежи до врв ја наполнија противничката мрежа. Конечниот резултат галсеше 7:0. Огнен Здравковски и Игор Јаневски постигнаа по два гола. По еднаш во листата на стрелци се запишаа Димитар Стоимов, Сандро Каровски и Горазд Попов. 

Фк Вардар (2) одигра нерешено против екипата на Форца. Конечниот резултат гласеше 2:2. Стрелци на головите беа Теодор Перковски и Никола Анчевски. Интересен дуел со многу шанси и голови на двете страни. Можеби нерешениот резултат беше најреален исход на овој дуел.

Фк Вардар генерација “2005“ продолжува безпрекорно да гази во детската лига. Натпревар одигра само Фк Вардар (1), противникот кој требаше да игра со Фк Вардар (2) не допатува на овој меч.

Фк Вардар (1) на вистински начин уште еднаш ја демонстрираше својата сила и моќ и го покажа квалитетот кои го поседуваат. Тоа на своја кожа го осети екипата на Македонија Ѓ.П. која доживеа вистински дебакл во дуелот со црвено-црните. Младите Вардарци без никаков респект кон противникот го наполнија до врв нивниот гол и докажаа зошто имаат максимален број на бодови во лигата. Конечниот резултат гласеше 12:0. Стрелци на головите беа: Давор Лефковски (3), Никола Величковски (3), Филип Јовановски (2) ,Зоки Фидановски (2), Лука Јакимовски и Симче Здравковски.

 Две победи во ова коло и за Фк Вардар генерација “2007“ .

Фк Вардар (1) за противник ги имаше своите врсници од Фк Смиљковци. Одличен натпревар одиграа двете екипи, на крајот сосема заслужено бодовите им припаднаа на црвено-црните. Конечниот резултат гласеше 4:2. Стефан Младеновски беше голгетерски расположен постигнувајќи хет-трик, еден гол зад името на Петар Мицевски.

Фк Вардар (2) немаше поголеми проблеми во дуелот со Њу Старс и победи со убедливи 4:0. Очекувано ја оправдаа фаворитската улога и го надиграа противникот. Најрасположен за игра беше Борјан Томовски кој три пати ја тресеше противничката мрежа. Лука Атанасовски постигна еден гол.