Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Раул: Ако сакаме на СЕХА-Ф4, треба да ги победиме сите мечеви во Скопје.
Раул: Ако сакаме  на СЕХА-Ф4, треба да ги победиме сите мечеви во Скопје.

Раул: Ако сакаме на СЕХА-Ф4, треба да ги победиме сите мечеви во Скопје.

По убедливата победа од 42:27 со другиот македонски преставник во ГСС СЕХА-регионалната лига на редовната прес-конференција по мечот, шефот на стручниот штаб на црвено-црните се осврна на дуелот. Шпанецот на клупата на Вардар Гозналез изјави:

  • Јас сум многу задоволен затоа што денеска одигравме многу добар натпревар и во одбрана и во напад. Не игравме со сите играчи, имаме многу повредени, но игравме добро. Ако сакаме да играме на Ф4 турнирот секој бод ни е важен, треба да ги победиме сите мечеви во Скопје. Сега останува да се спремаме за натпреварите од Лигата на шампионите-изјави Раул Гонзалез.

Најистакната фигура во оваа убедлива победа над струмичани дефинитивно беше крилниот играч Дејан Манасков, кој на овој меч блесна. Тој го изрешета голот на гостите дури 17 пати во својата изјава за мечот вели :

  • Мислам дека одигравме добар натпревар, на крај успеавме да се радуваме иако и пред мечот бевме фаворити. Сега останува да се подготвуваме за еден многу важен натпревар кој нѐ очекува в сабота, против Колдинг кој мора да го добиеме – изјави Дејан Манасков.