Денес на терените на ФФМ, контролен натпревар одигра генерацијата 2006 на ФК Вардар. За противник нашите млади надежи ги имаа репрезентативците на Македонија од истата генерација.
Ова беше силен тест за вардарци, кои и покрај поразот, сепак се претставија во добро светло. На крајот победата им припадна на репрезентативците кои славеа со резултат 2:0, со по еден гол во двете полувремиња од натпреварот.
Имаа избраниците на Милан Коцески период на добра игра, кога имаа и шанси да го загрозат голот на противникот. Сите играчи кои добија шанса дадоа свој максимум на теренот.
Вардар: Краљевски, Николов, Ајетовиќ, Порчу, Величковски, Нуредини, Миовски, Николовски, Танчев, Лефковски, Алији.
Во игра влегоа и Цековски, Хасиќ, Атанасов, Данстак, Крстевски, Љатифи, Коловски, Митрески и Грбовиќ.
На денешниот натпревар бевме без стоперите Јанкоски и Спасовски.