ЖРК Вардар предводен од Ристова Драгана и Александар Царчев оваа пролет игра одлично. Имаме пет меча во лигата и на сите дојдовме до победи, вкупно собравме максимални 15.бода. Исто така и во Купот обезбедивме пласман на Ф-4 со победата над Стружанка.
Бидејќи е ЕХФ-недела, традиционално еднаш на есен и еднаш на пролет ќе направиме пресек на постигнатото од нашиот женски ракометен сениорски тим. Вардарки играат во шампионска форма оваа пролет. Ова се постигнатите резултати на воведните пет првенствени кола кои се зад нас пред оваа пауза поради настапот на А-селекцијата на земјава во баражот за Светското првенство.
ВАРДАР-Стружанка 25:22
Гевгелија-ВАРДАР 24:29
ВАРДАР-Спартак 31:22
Пелистер-ВАРДАР 26:27
ВАРДАР-Чаир 39:20
Кога сме кај тимските постигнувања оваа пролет, црвено-црните девојки во лигашките, пет дуели имаат дадено 151.погодока. Во просек сме одлични, односно погодуваме над 30.пати на одигран напревар. Нашиот тим примени 114.гола, во одбраната сме силни, нашите дефанзивци и голмани дозволуваат околи 22.гола во просек на одигран меч во нашата мрежа.
Трпевска Ивона останува лидер како и на полусезоната, таа додатно ја зголеми предноста на врвот од 13 на 28 гола предност по само пет кола. Секогаш на пролет влегува фуриозно, тргна со две 9-ки и беше двоцифрена со Спартак за убедливо водство на врвот. Диневска Бојана е константна, прав капитен, таа на секој меч погодува оваа пролет по 4 пати и еднаш имаше 5 гола, нејзиниот збир е одличен се наоѓа на второто место. Миновска Сара игра во два правца, но тоа не ја спречува да погодува, тоа е девојка која игра тотален ракомет. Одлична е во офанзива и повторно на третта позиција, Галевска Марија исто така, е голем борец погодува од коло во коло. Во Дамјаноска Кате имаме ефикасен пикер што радува, она го заокружува топ-5 сегментот, каде нема промена од зимската пауза во позициите.
Веќе на 6.позиција имаме огромен скок, најмладата ултра-талентираната Стефаноска Сара која „презими“ како 11.позиционирана има скок на позицијата број 6. Младиот бек одлично се адапираше на сениорскиот ракомет, оваа пролет на 5 меча има 15.гола во лигата на тоа додаде и три во Купот. Исти скор од 34.гола има репрезентативката Ивана Џатевска. Следат, одличното крило на црвено-црните Фани Ѓорѓиевска и Костовиќ Ангела која поради повреда оваа пролет има само два меча одиграно. Топ-10 сегментот го затвора, овогодинешното засилување Стојановска Михаела, таа од зимото напредна за две позиции на листата. Пролетва игра добро особено во последните два меча каде погоди по 4.пати во мрежата на ривалите.
ЛИСТА СТРЕЛЦИ ПО 18.КОЛА, ЖРК ВАРДАР:
*Во заградите се головите постигнати на полусезона:
1.Трпевска Ивона 99 ➡️(63 гола)
2. Диневска Бојана 71
3.Миновска Сара 54
4. Галевска Марија 51
5. Дамјаноска Катерина 47
6/7. Стефаноска Сара 34
6/7. Ивана Џатевска 34
8. Стефанија Ѓорѓиевска 33
9.Костовиќ Ангела 29
10. Стојановска Михаела 28
11. Попова Јасмина 24
12.Лазаровска Михаела 21
13. Јаковчевска Ива 12
14. Коцева Бојана 10
15/16.Васевска Златица 5
15/16.Цветановска Сања 5
17/18. Стаменкова Теодора 3
17/18.Паковска Јана 3
19. Тошевска Магдалена 2
Пуленките на Царчев Александар имаат важен дел од успехот на тимот, по пет кола сите заедно сумарно имаат неверојатни 43% одбранети удари на одиграните лигашки напревари. Тоа е нешто што секој тим би сакал да го има како удел до голманите. Кога сме кај личните постигнувања, Грујовска Симона која беше лидер и по есенскиот дел и понатака е прва. Сепак таа има пролет за потенцирање и пофалба, од четири настапи во лигата на дури три беше двоцифрена ( 11, 11 и 16 одбрани). Покрај тоа она е единствената во целиот тим која одамна ја “прекрши троцифрената граница“. Зад нејзиното име има 124 одбрани во лигата, оваа пролет има 12.одбрани во просек од настап, нејзината форма е зачудувачка. Втора е Илиќ Андреа која оваа пролет додаде на своето конто 24.одбрани и сега има 87.интервенции зад своето име. Константно го дава својот дел од придонесот за нашиот тим од коло во коло. Јована Трајкоска поради повреди есента немаше многу настапи, но пролетва е онаа „старата“. Веќе има 18.лигашки одбрани 5 во Купот па веќе сега има речиси исти скоро како цела есен, пред неа се нови докажувања во продолжение од сезоната за кој покажува капацитет со досегашните настапи.
ЛИСТА ГОЛМAНСКИ ОДБАНИ, ЖРК ВАРДАР:
(во заградите се одбраните по есенскиот дел)
1.Симона Грујовска 124
2.Андреа Илиќ 87
3.Јована Трајкоска 44
Досега, Вардар одигра еден КУП дуел оној од финалето на ¼-финалната група по кој обезбеди Ф-4 завршница. На истиот го добивме тимот на Стружанка со 27-19, Трпевска и Грујовска и овде се на врвот, ова се постигнувањата на сите девојки на таа средба кои имаат погодоци и одбрани:
Трпевска 6.гола
Грујовска 6.одбрани
Трајкоска 5.одбрани
Диневска 4.гола
Лазаровска 4.гола
Галевска 3.гола
Стефаноска 3.гола
Костовиќ 3.гола
Миновска 2.гола
Дамјаноска 2.гола