Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Помладите пионери го одиграа првиот подготвителен натпревар
Помладите пионери го одиграа првиот подготвителен натпревар

Помладите пионери го одиграа првиот подготвителен натпревар

Помладите пионери на ФК Вардар го одиграа првиот пријателски натпревар во подготвителниот период. Под водство на новиот тренер Саше Божиноски, нашите млади надежи се надигруваа со пионерите на Работнички.

Во еден интересен и квалитетен натпревар, на крајот победи тимот на Работнички и тоа минимално со резултат 2:1. Во првото полувреме противникот имаше минимална предност од 1:0. Во вториот дел од натпреварот нашиот состав го израмни резултатот на 1:1 со погодокот на Нуман Ајетовиќ, но Работнички постигна уште еден гол за конечен триумф од 2:1.

Вардар: Данстак, Николов, Порчу, Ајетовиќ, Величковски, Миовски, Сековски, Нуредини, Николовски, Лефковски,  Коловски. 

За следниот викенд треба да стартува новата сезона во младинските фудбалски лиги, генерацијата 2006 на Вардар ќе дебитира во рамките на помладата пионерска Супер лига. За противник во првото коло ја имаме екипата на Брегалница.