Со пораз, македонската фудбалска репрезентација до 19 години го стартуваше меѓународниот турнир во Словенија. Иако имавме предност од два гола, сепак на крајот Македонија загуби со резултат 4:3 од репрезентацијата на Словенија.
Македонија водеше со 2:0 и со 3:1, но дозволи во последните 25 минути од натпреварот да прими три гола и да го загуби натпреварот.
Цел натпревар за Македонија одиграа вардарците Гоце Јовчев и Грегори Давков, додека Филип Ѓорѓиевски не влезе во игра. На турнирот, Македонија ќе одигра уште натпревари против С.Арабија и Словачка.