Шампионот на Македонија, тимот на ФК Вардар следниот викенд ќе го има првиот меч од новата сезона во ПМФЛ. Вардарци пред стартот на новата сезона ќе имаат два контролни меча и тоа против скопски тимови. Едниот е Македонија ЃП, новиот прволигаш, овој натпревар ќе биде одигра во недела на стадионот на Македонија ЃП. Вториот е во понеделник, против второлигашот, тимот на Еуромилк.
Овие дуели ќе бидат последен тест за Вардарци пред почетокот на новата натпреварувачка сезона и одбраната на титулата. Сите играчи кои се во моментов спремни за игра ќе добијат шанса на овие два дуели. А потоа, доколку има дилеми кај Седлоски, се ќе биде решено, кој играчи ќе бидат во почетниот тим на натпреварот против шкупи идната недела.