Подготовките за новата натреварувачка сезона 2016/2017 кај кугларскиот црвено-црн колектив се во полн ек. Веќе трета недела тие одржуваат тренинзи во кугларницата “Мусандра“ која е лоцирана во Градскиот трговски центар. Подготовките официјално ќе тргнат на први август, а прв предизвик е подготвителниот турнир во Бања Лука – Република Српска (Бих), каде нашите момци ќе одиграат квалитетен турнир со неколку државни шампиони. За тоа како досега течат подготовките и значението на турнирот во Босна и Херцеговина разговараме со Дарко Димитровски подпретседател на кугларскиот клуб Вардар и негов играч, тој за нашиот сајт вели:
Подготовките течат непречено, иако дел од играчите користат годишни одмори после кои продолжуваат со тренажниот процес. После први август ке го зголемиме бројот на тренинзи како би го забрзале процесот на влегување во натпреварувачка форма. Турнирот во Бања Лука ќе ни послужи многу, како еден вид увертира на она што не очекува во октомври на Светскиот Куп. Поканата за учество на овој силен турнир ни даде повод да започнеме порано од планираното и плус ни даде мотив да тренираме пожестоко во овој мртов кугларски период од годината.
Голем предизвик ги очекува наесен тоа е настапот во Светскиот куп место каде ќе се сретенем со 14 шампиони на земјите во кој овој спорт е на високи скалила. Светскиот куп годинава ќе се одржи во Болцано-Италија место каде ќе се собере “кугларскиот крем“, место каде македонски преставник ќе бидат црвено-црните вардарови куглари, за овој настан Димитровски вели:
Секако, ке се утврди и стартната форма на играчите , која сепак нема да биде пресудна за тоа во кој состав ке се појавиме во Болцано. Сеуште е рано за било какви одлуки. Светскиот куп за млад тим (во своето постоење) ко Вардар претставува врвно доживување. Оваа прилика дојде малку неочекувано и со две раце ја зграбивме. Приликата да се игра рамо до рамо со самиот врв на светското куглање верувам дека ке донесе голема мотивација кај нашите играчи и мотив да постигнат врвни резултати. Уште едно битно значење е тоа што ке ја започнеме домашната лига на високо ниво на спремност.
По крајот на Светскиот куп повторно сите погледи ќе бидат свртени кон Македонската кугларска лига и македонскиот кугларски куп. Каде на домашна сцена се сретнуваме со само еден тим кој ни е достоен ривал по квалитет силната екипа на КК Макпетрол, тимот на “пумпашите“ владее суверено со македонскиот кугларски врв веќе деценија и половина.
Со заминување на играчот Јакимовски во редовите на нашиот најголем ривал, останавме ослабени за квалитетен играч, а противникот ги засили своите редови. Но тоа не значи дека се предаваме однапред во сезоната која следува. Имаме ростер на играчи кои можат да достигнат завидно ниво на форма и да ја пополнат дупката од заминувањето на Дане. Со тоа, и нашите очекувања остануваат на исто ниво како и лани, да бидеме добри конкуренти и достојни ривали на најдобрите во лигата. Повторување на ланскиот успех е императив, се повеќе од тоа ке биде оставрување на нашите кугларски сништа.
Михајло Тушевски