Одличен натпревар одигра младинската екипа, која попладнево на пријателски натпревар успеа да го победи тимот на Македонија Ѓ.П.
Составот предводен од Пепи Ѓоргиевски, во кој имаше играчи родени 2006 и 2005 година, како и двајцата репрезентативци, Атанасовски и Спасовски, одигра многу добар натпревар на кој славеше со резултат 2:3 (1:2).
Заслужена победа за вардаровите надежи кои прикажаа повеќе од домашниот тим. После една одлична акција која започна од Кулуковски кој даде пас до Бундалески, овој одлично асистираше до Матеј Гаштаров кој успеа да ја затресе противничката мрежа и да го отвори резултатот на 0:1. Имавме добра прилика да го зголемиме резултатот преку Радевски, но одбрани противничкиот голман. Во својата прва прилика, противникот успеа да израмни на 1:1, после акција од левата страна. Гледавме брзо темпо на игра кај нашиот тим, следен кој се закани кон голот на Ѓорче беше Лефковски, кој биеше со глава, но голманот одбрани, за во следната прилика да го вратиме водството преку Марко Николовски, кој погоди на асистенција нова од Бундалески. На полувреме се замина со наша предност од 1:2.
Во второто полувреме исто така имавме повеќе од играта на овој пријателски натпревар. Обиди имаа Јанкоски и Николовски, додека предноста на 1:3 ја зголеми Давор Лефковски, кој со силен и прецизен удар во шеснаесетникот успеа да се запише во листата на стрелци. До крајот на мечот, домаќинот успеа да го ублажи водството и да ги постави конечните 2:3.
Вардар: Никола Филевски, Влатко Кулуковски, Лука Атанасовски, Драган Јанкоски, Зоран Фидановски, Давор Лефковски, Максим Бундалески, Матеј Гаштаров, Виктор Стефановиќ, Марко Николовски и Филип Радевски.
Контролен натпревар против екипата на Македонија Ѓ.П одиграа и кадетите кои беа поразени со резултат 1:0 (0:0).