Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровите генерации “2005“ “2006“ и “2007“ одиграа контролни натпревари на академијата
Вардаровите генерации “2005“ “2006“ и “2007“ одиграа контролни натпревари на академијата

Вардаровите генерации “2005“ “2006“ и “2007“ одиграа контролни натпревари на академијата

Вчера на терените на академијата, контролни натпревари одиграа Вардаровите генерации родени “2005“ “2006“ и “2007“ година.

Избраниците на Зоран Петковски, генерација “2005“ одиграа два натпревари и тоа со екипите на Работнички и Форца. На овие дуели беа забелажани една победа и пораз. Натпреварот со Работнички го загубивме со резултат 2:3. Стрелци на погодоците за нашите млади надежи беа Стефан Ристовски и Стефан Наумовски. Другиот дуел против тимот на Форца заврши во наша корист. Конечниот резултат гласеше 4:3. Четири различни играчи се запишаа во листата на стрелци. Филип Јовановски, Тино Спасиќ, Давор Лефковски и Никола Величковски погодија за Вардар.

Шестта победа на исто толку одиграни контролни мечеви за генерација “2006“. Избраниците на Кралевски стигнаа до нов убедлив триумф, овој пат противник ни беше екипата на Смилковци. Конечниот резултат на натпреварот гласеше 12:4. Дарко Сековски и Стефан Коловски постигнаа хет-трик. Матеј Гаштаров и Марко Николовски беа стрелци на два погодоци, додека по еднаш погодија Давид Голубов и Михаил Николов.

Изминативе денови активна беше и најмладата генерација родени “2007“ кои одиграа два натпревари. Висок триумф од 5:1 остваривме во мечот со екипата на Фамос. Стефан Младеновски постигна два гола, Петар Мицевски, Александар Грашевски и голманот Лука Јаневски беа стрелци на еден погодок. Во текот на вчерашниот дел дечињата на Томче Тррајановски “спарингуваа“ и со екипата на Кул, против која ремизираа со резултат 2:2.